Вести|

5 март 2021, Скопје – Mинистерот за финансии, Фатмир Бесими одржа средба со претставници на компаниите членки на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори, предводена од Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата.

На средбата беа разгледани клучните иницијативи и предлози во врска со прашања за  даночната и царинската област, коишто се од значење за унапредување на работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, но и атрактивноста на земјава за задржување на постојните и привлекување нови инвеститори.

На состанокот се дискутираше за законската регулатива за даноци и царина, за усогласувањето на царинските стапки и за други значајни прашања коишто се од интерес на странските инвеститори.

Дел од барањата што се однесуваа на даночниот третман на исплатениот регрес за годишен одмор, намалување на даночниот биланс од Законот за данокот на добивка и доброволната регистрација за цели на ДДВ во кој било период од годината се веќе прифатени и се очекува нивна реализација во претстојниот период.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window