Вести|

17 јуни 2021, Скопје – Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст, односно преку раст на знаењата и вештините на граѓаните може да се дејствува врз забрзување на растот. Оттаму, еден од приоритетите во плановите и проекциите за заздравување и забрзан раст се инвестициите во човечки капитал, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на вебинарот организиран од страна на Економскиот факултет на тема „Предизвици за високото образование од областа на економијата во периодот на пост ковид-19“.

Министерот посочи дека еден од столбовите на Стратегијата за заздравување и забрзување на економскиот раст е вложувањето во човечкиот капитал, односно развој на човечките ресурси (образование, наука и здравство), поголема активност на работоспособното население и социјална заштита, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности. Тој истакна дека изминатите неколку години се настојува да се издвојуваат повеќе средства во Буџетот за областите образование, здравство и социјална заштита, што резултираше со нивно повеќекратно зголемување.

Индексот на човечки капитал на Светска банка ја мери потенцијалната продуктивност на граѓаните, откако ќе наполнат 18 години, според нивото на инвестиции во нив и тоа во образование, здравство и социјална заштита. Во периодот од 2010 до 2020 година, индексот на човечки капитал за Република Северна Македонија се движел помеѓу 0,54 или 0,56, што значи дека децата што ќе се родат сега, согласно инвестициите во нив за образование, здравство и социјална заштита, кога ќе наполнат 18 години ќе користат околу 50% од својот потенцијал. Инаку, во најразвиените економии во светот индексот на човечки капитал изнесува над 0,8, во земјите од Европската Унија околу 0,75, додека во земјите од регионот потенцијалната продуктивност изнесува 0,65 во просек.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window