Вести|

2 јули 2021, Скопје – Оваа година ќе биде година на заздравувањето, по што Република Северна Македонија ќе се стреми кон остварување на приоритетните цели за забрзан раст и спроведување на европската агенда. Долгогодишното партнерство и поддршката од Соединетите Американски Држави во општествениот и економскиот развој на Северна Македонија, како и во евроатлантските интеграции се од непроценливо значење за нашата земја во остварувањето на приоритетите. Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска, на маргините на „Преспа форум за дијалог“, оствари средба со помошникот државен секретар и со заменик-помошникот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи во Стејт Департментот на САД, Филип Рикер и Метју Палмер и амбасадорката на САД во РСМ, Кејт Мари Брнз, на којашто беше зборувано за соработката и за перспективите на нашата економија.

Приоритетите кон кои се насочени Владата и Министерството за финансии се постигнување повисоки стапки на економски раст од 4% до 5% годишно, како и раст на платите за 20% до 30% на среден рок со цел подобрување на стандардот на граѓаните. Кон ова ќе се цели преку спроведување фискална политика на среден рок, којашто ќе биде насочена кон инвестиции, заздравување и одржлив раст и фискална консолидација. Во оваа насока веќе е направен значаен исчекор преку подготовка на соодветна легислатива којашто ќе биде база за спроведување на овие реформи како што се: нов Закон за буџети, којшто е усвоен од страна на Владата, потоа подолгорочна Фискална стратегија и Стратегија за управување со јавниот долг, Стратегија за даночна реформа, како и амбициозен повеќегодишен инвестициски план.

Од аспект на зголемување на инвестициите, во Министерството за финансии во финална фаза е Планот за финансирање на зaздравувањето и забрзан раст, којшто има за цел да ги мултиплицира средствата за инвестиции преку ангажирање приватен капитал. На тој начин побрзо ќе се реализира планирата развојна агенда, а истовремено ќе може да се спроведе и фискална консолидација.

На средбата, од двете страни беше изразена заложба за продолжување на добрата соработка и партнерство, како и поддршка за реализација на приоритетите во градењето подобро општество и посилна економија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window