Вести|

8 јули 2021, Скопје – Усогласувањето на царинските стапки со стапките на ЕУ ќе доведе до јакнење на конкурентноста на домашната индустрија, зголемени инвестиции од страна на компаниите, а со тоа и нови вработувања. Ова беше посочено на состанокoт во Министерството за финансии на кој присуствуваа министерот за финансии, Фатмир Бесими, заменик-претседателот на Владата на РСМ, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арианит Хоџа и претставници на Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Северозападна Македонија, МАСИТ, МАТТО, како и претставници на АмЧам Северна Македонија.

Усогласувањето на царинските стапки е барање на стопанствениците во насока на хармонизација на царинските стапки на одредени тарифни броеви со стапките на Европската Унија. На состанокот беше претставена анализата што ги опфаќа сите доставени барања за измена на царинските стапки на тарифните броеви од страна на сите стопански комори и ефектот врз македонската економија. Принципите врз кои се заснова и е работена анализата се заштитата на домашното производство и хармонизација на царинските стапки со стапките на ЕУ што, пак, треба да придонесе за јакнење на конкурентноста на домашната индустрија, создавање поатрактивни услови за странските инвеститори, како и поинтензивно вклучување во глобалните синџири на снабдување односно создавање додадена вредност.

Дијалогот и партнерството на Владата на Република Северна Македонија со бизнис-заедницата се одвива во континуитет. На тие средби се дискутираат сите прашања за кои институциите прават сериозни анализи и потоа се преземаат соодветни активности. Предлозите од бизнис-заедницата се разгледуваат при што оние што ќе бидат во насока на помош и поддршка ќе бидат прифатени. На состанокот беше истакнато дека Владата е тука да создава услови и деловен амбиент за работа, развој на инвестиции, на извозот, а со тоа и на севкупната економија.

Креирање поволно деловно окружување преку системско редифинирање на царинскиот тарифник, намалување на други парафискални давачки и даночно олеснување и одложување на неколку јавни давачки беше предвидено и во Петтиот пакет антикризни мерки, а тоа воедно беа и барања од стопанствениците.

Мерките се дизајнирани за директна поддршка на стопанството и компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните преку подобрување на животниот стандард и работните услови.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window