Вести|

4 август 2021, Скопје – Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 8 милиони евра, со којашто ќе се обесштетат сите оние со правосилни решенија за денационализација од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година, каде што е утврдено надомест да се врши преку обврзници.

Средствата доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десетгодишни рати со годишна камата од 2%.

Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното достасување според условите, начинот и постапката што ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките членки на Македонската берза.

Пред рокот на нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *