Вести|

10 август 2021, Скопје – Македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со коишто се овозможува ова, се објавени во Службен весник. Во Законот се утврдени процедурите и постапките согласно кои македонските компании ќе можат да учествуваат на јавните набавки за потребите на НАТО пазарот.

Со овој закон се уредува и начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на условите за учество на економските оператори регистрирани во РС Македонија во постапките за набавки за потребите на Северноатлантската договорна организација и нејзините земји членки.

Економските оператори што сакаат да учествуваат во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји членки се евидентираат во евиденција на економски оператори што ја води Министерството за одбрана.

Членството во НАТО треба да дејствува како катализатор на економскиот раст. Со подобрување на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот се очекува и поголем раст на странските инвестиции.

Во примерот на Бугарија, странските директни инвестиции, анализирано пет години пред и по влезот во НАТО, се скоро трипати повисоки, односно од 7 проценти на 19,8 проценти од БДП. Во Албанија тие се двојно поголеми, или од 5 проценти на 9 проценти од БДП. И во Романија има висок раст, од 2,8 проценти на 7,2 проценти по пристапувањето во НАТО, додека во Чешка растот е од 3,2 на 7,7 проценти.

Воедно, во земјите што пристапиле кон НАТО во 2004 година, просечниот раст на извозот се зголемил од 6,8 проценти во периодот пред зачленувањето во НАТО на 11,8 проценти во периодот по пристапувањето во НАТО.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window