Вести|

28 септември 2021, Скопје – Регионалниот развој, соработката за развој на заеднички проекти во делот на инфраструктурата, како и „Планот за забрзување на растот“ и транзицијата кон дигитална и зелена економија, беа меѓу поважните теми за дискусија на денешната средба помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми  и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу.

Поконкретно на средбата стана збор за реализацијата на инфраструктурните проекти, меѓу кои се: изградбата на автопатот Скопје – Блаце, патот Призрен – Тетово, интерконективниот гасовод и заедничкиот скијачки проект што ќе ја поврзе Брезовица со Попова Шапка.

Во моментов во тек е реализација на првата делница од автопатот Скопје – Блаце, од границата со Косово до село Блаце, како и подготовка на техничка документација за втората делница од автопатот.
Во рамки на областа енергетика, Владата презема активности за изработка на студија за интерконекциска врска со Косово.
Исто така, овој месец на заедничка владина седница беше потпишан „Договор за заеднички скијачки проект што ќе ја поврзува Брезовица со Попова Шапка“, како и „Договор за физибилити студија за патот Призрен – Тетово“. На истата седница министерот за финансии го потпиша и Договорот за спроведување на спогодбата за соработка меѓу Владите за погранично регулирање на железничкиот сообраќај.

Министерот на средбата го потенцира значењето на Планот за забрзување на растот, што се финализира во Министерството за финансии. Имплементацијата на Планот за забрзување на растот се очекува да доведе до зголемување на стапките на економски раст, во просек, на 5% во следните пет години, намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,2 процента и намалување на стапката на невработеноста на едноцифрено ниво до 2026 година.

Дел од иновативните финансиски инструменти овозможуваат значајно продлабочување на регионалната соработка и предвидуваат формирање  Регионален фонд во којшто ќе инвестираат земјите од регионот.

„Еден од инструментите за финансирање на Планот за забрзување на растот е формирање фондови за ризичен капитал, при што за таа цел  ќе се склучат партнерски договори со потенцијални инвеститори. Притоа, средствата собрани во согласност со договорите за ограничено партнерство ќе се инвестираат во различни видови фондови, меѓу кои е предвиден и Регионален фонд за ризичен капитал, во којшто ќе инвестираат земјите од регионот, вклучително и нашата држава“, потенцира Бесими.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window