Вести|

1 ноември 2020, Скопје – Постојаните вложувања во сферата на финансиската писменост и потврдувањето на важноста на финансиската едукација сѐ повеќе даваат резултати, што се гледа и преку интересот на помладата популација. Ова се потврдува и преку резултатите од годинешниот конкурс по повод Светскиот ден на штедењето, којшто традиционално го распишуваат Министерството за финансии и Народната банка. На веб-страницата на Народната банка веќе се објавени резултатите од Конкурсот.

Особено голем интерес имаше кај учениците од основните училишта. На темата: „Штедењето ‒ мудра одлука за подобра иднина“ пристигнаа значително поголем број литературни и ликовни творби од ученици од основното образование во споредба со минатата година – 889 во 2021 година, наспроти 373 во 2020 година. Пристигнаа 181 литературна творба – песни, 180 литературни творби – раскази и 528 ликовни творби – цртежи. Половината од вкупниот број творби беа испратени електронски.

На Конкурсот, во предвидениот рок, пристигнаа 53 есеи, напишани од ученици од повеќе средни училишта, од повеќе општини од државата. Зададената тема за есеите беше „Штедењето и управувањето со личните финансии во современото дигитално време“. Бројот на трудови е блиску до пријавените претходната година. Во изминатите четири години од спроведувањето, овој конкурс е препознатлив меѓу средношколците и го привлекува нивното внимание.

Комисиите за оцена на пристигнатите творби изразуваат задоволство како од квантитетот, така и од квалитетот на трудовите пристигнати на Конкурсот во 2021 година, при што одделно се осврнуваат на пристигнатите есеи.

Поголемиот дел од пристигнатите есеи се одликуваат со солиден квалитет според сериозноста на пренесените ставови и стилот на изразување, во кои се открива и забележливо ниво на финансиска писменост. Следствено, оценето е дека есејот е соодветна опција за средношколците како форма преку која тие можат слободно да ги изразат своите гледишта околу штедењето и да ја разгледуваат оваа тема од различни аспекти. Според трудовите, постојат развиени навики на штедење кај дел од младите, но во дел од трудовите отворено се упатува и на потреба од поголема информираност за штедењето и финансиските институции, што е директна потврда за потребата од натамошни активности во доменот на финансиската едукација на младите. Во контекст на темата, во поголем дел од трудовите е нагласена и свесноста за предностите и ризиците околу користењето на дигиталните финансиски услуги, потребата за поголема едукација во оваа област, како и предноста на можностите за финансиска едукација преку користење на дигиталните канали на едукација. Посебно радува што во некои есеи и експлицитно е наведено дека Конкурсот ги поттикнал учениците повеќе да прочитаат за финансиската едукација, со што тој ја постигнува својата цел.

Согласно со усвоената прва национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, финансиските регулатори ќе продолжат со активностите за финансиска едукација, како за младите, така и за возрасните.

 

Наградени ученици на Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградените ученици, по одделни категории. Добивме голем број трудови и во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме.

На Конкурсот за учениците од основното образование на тема „Штедењето ‒ мудра одлука за подобра иднина“ пристигнаа вкупно 889 ученички трудови, од кои 181 литературна творба – песни, 180 литературни творби – раскази и 528 ликовни творби – цртежи.

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД 1. ДО 5. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Стефан Трајков, II-2 одд., ООУ „Васил Главинов“ – Велес
  2. Марта Димитријевиќ, V-б одд., ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје
  3. Михаела Младеновска, II одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Скопје

 

Добитници на пофалница:

  1. Ива Стоимановски, V-2 одд., ООУ „Кузман Шапкарев“ – Скопје
  2. Михаела Смилкова, IV одд., ООУ „Даме Груев“ – Свети Николе
  3. Стефан Стојановиќ, III одд., ООУ „Ацо Шопов“ – Скопје
  4. Калина Смилевска, V-а одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Скопје

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД 6. ДО 9. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Елион Мифтари, VII-2 одд., ООУ „Перпарими“ – Тетово
  2. Ангела Белогаска, VII-б одд., ООУ „Григор Прличев“ – Скопје
  3. Леона Стојковска, VIII-1 одд., ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово

 

Добитници на пофалница:

  1. Илка Таири, ООУ „Перпарими“ – Тетово
  2. Аида Илази, ООУ „Перпарими“ – Тетово
  3. Анид Селими, IX-1, ООУ „Наим Фрашери“ – Тетово
  4. Елизабета Стојановска, VIII-1 одд., ООУ „Кирил и Методиј“ – Тетово
  5. Сара Наумовска, VIII-2 одд., ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
  6. Олег Трајковски, IX-3 одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Битола
  7. Тамара Постолова, IX-2 одд., ОУ „Никола Карев“ – Кочани
  8. Илија Димов, VII-1 одд., ОУ „Никола Карев“ – Кочани
  9. Ерудита Зилбеари, VII одд., ООУ „Еќрем Чабеј“ – Тетово
  10. Бенет Реџепи, VI одд., ОУ „Фаик Коница“ – Тетово

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ ‒ ПЕСНИ ОД 1. ДО 5. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Сања Савеска, II-2 одд., ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево
  2. Ведрана Тодоровска, III-б одд., ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Велес
  3. Тео Трајковски, V-б одд., ООУ „Стив Наумов“ – Скопје

 

Добитници на пофалница:

  1. Лиа Дрвошанов, III одд., ООУ „Борис Трајковски“ – Струмица
  2. Лина Гоцевска, V-1 одд., ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје
  3. Ема Цветкова, V-г одд., ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје
  4. Дуле Крстев, V одд., ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица
  5. Бисера Василевска, III-4 одд., ОУ „Блаже Конески“ – Скопје
  6. Тео Димчевски, III-3 одд., ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ – Скопје

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ ‒ РАСКАЗИ ОД 6. ДО 9. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Аурела Бајрами, VII-2 одд., ООУ „Кирил и Методиј“ – Тетово
  2. Андреа Димитрова, VIII-2 одд., ООУ „Никола Карев“ – Кочани
  3. Калина Ивковска, VI-б одд., ОУ „Војдан Чернодрински“ – Скопје

 

Добитници на пофалница:

  1. Димитар Чичовски, IX-3 одд., OOУ „Ј.Х. Песталоци“ – Скопје
  2. Божица Бошкова, IX-2 одд., ОУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци
  3. Илина Тушевска, VIII-в одд., ОУ „Јан Амос Коменски“ – Скопје
  4. Дамјан Дамјански, VI-в одд., ООУ „Војдан Чернодрински“ – Скопје
  5. Кристијан Трпчески, VII-1 одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово
  6. Дамјан Илиевски, VIII-б одд., ОУ „Мирче Ацев“ – Скопје
  7. Мартин Арсоски, VI-3 одд., ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево
  8. Анастасија Марковиќ, VIII-2 одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово

 

На Конкурсот објавен за учениците од средното образование на зададената тема „Штедењето и управувањето со личните финансии во современото дигитално време“, во предвидениот рок, пристигнаа 53 есеи.

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЕСЕИ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Сандра Здравковска, IV година, СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје
  2. Теодора Тасевска, IV година, ПСУ „Американска гимназија Скопје“ – Скопје
  3. Стефанија Здравковска, IV година, СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје

 

Добитници на пофалница:

  1. Татјана Јовановска, II година, ДСУ „Ѓорги Димитров“ – Скопје
  2. Јана Глигоровска, IV година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје
  3. Викторија Панова, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес

Оваа вест е достапна и на: Albanian

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close Search Window