Вести|

5 јануари 2022, Скопје – Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8% повеќе во однос на 2020 година и за 20,8% споредено со 2019 година. Кон фирмите во РС Македонија, по основ на поврат на ДДВ, во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра што е за 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година. Дополнително, кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ со други даноци, во износ од 1,2 милијарди денари со што износот на поврат на ДДВ изнесува вкупно 31,2 милијарди денари.

Гледано во апсолутен износ, повратот што е извршен во 2021 година е повисок во споредба со претходните години кога биле вратени 397,4 милиони евра во 2020, 403,9 милиони евра во 2019 година, 375,8 милиони евра во 2018 година, 315 милиони евра во 2017 и 280 милиони евра во 2016 година.

Ова е значајна поддршка за компаниите особено во време на кризата предизвикана од ковид-19, чие влијание во економијата сè уште се чувствуваше во 2021 година и на која ѝ беше потребна поддршката што беше спроведена и преку реализација на шесте пакети антикризни мерки.

Повратот во текот на 2021 година се вршеше тековно и навремено. Во таа насока, придонес дава големиот процент на дигитализација на процесот, а дополнително влијание врз ефикасноста на извршувањето на повратот на ДДВ, на што се работи во моментов, ќе има целосната автоматизација на процесот.

Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон компаниите во домашното стопанство има особено значење за нивната ликвидност и конкурентност.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *