Вести|

31 јануари 2022, Скопје – Министерството за финансии денеска го објави податокот за нивото на јавниот и на државниот долг заклучно со 31.12.2021 година. Согласно објавените податоци, јавниот долг заклучно со 31.12.2021 година изнесува 60,9 % од БДП.

Јавниот долг се одржува на стабилно ниво. И во услови на здравствена криза којашто трае последниве две години, а во четвртиот квартал од 2021 година се соочивме и со енергетска криза, со политиките и мерките што се преземаа нивото на јавниот долг на крајот на 2021 година забележа намалување споредено со 2020 година. На крајот на 2021 година јавниот долг забележа намалување од 0,1 процентен поен во споредба со неговата состојбата на крајот на 2020 година, додека во третиот квартал имаше намалување од 3,8 процентни поени во однос на претходниот квартал.

Останува определбата јавниот долг да се позиционира под Мастришкиот критериум од 60% од БДП, така што согласно проекциите со Стратегијата за управување со јавниот долг во 2026 година тој треба да се намали на ниво од 57,7 % од БДП.

Министерството за финансии ги објавува податоците за јавниот долг на квартално ниво, додека за државниот долг на месечно ниво. Според последните податоци државниот долг на 31.12.2021 година е на ниво од 51,9 % од БДП.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window