Вести|

21 февруари 2022, Брисел – Енергетската криза и инфлацијата, мерките што се преземаат од страна на Владата и постоењето можности за поддршка при реализација на овие мерки од страна на ЕК беа теми на денешната средба на министерот за финансии, Фатмир Бесими со комесарот за економија, Паоло Џентилони, којашто се реализираше во рамки на работната посета на министерот Бесими на Брисел.

„Како и за време на пандемијата, кога создадовме и имплементиравме пакети мерки за поддршка на здравството, економијата и ранливите категории, а кои овозможија падот на БДП да биде помал за 4,2% во 2020 година, проактивни сме и во однос на енергетската криза“, рече министерот Бесими на средбата.

Тој ги напомна мерките што ги презема Владата за справување со енергетската криза и средствата што се обезбедени како поддршка од Буџетот за енергетските компании со цел да се обезбеди ликвидносна поддршка на истите, а со тоа индиректно да се влијае да нема голем раст на цената на електричната енергија за регулираниот пазар. Во овој контекст беше истакната и мерката за намалување на ДДВ за електричната енергија на 5%.

„Нашите среднорочни приоритети ќе бидат насочени кон справување со последиците од здравствената и од енергетската криза, преку зголемување на инвестициите преку директна поддршка на инвестициските активности на компаниите, промоција и олеснување на инвестициската клима, отворање нови работни места преку активни мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија.

Тоа значи дека ваквата поддршка ќе се реализира со формирање фондови за развој, фондови за поддршка на иновациите, гарантни фондови, фондови за ризичен капитал и слични инструменти за поддршка на извозно-ориентирани компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија“, посочи министерот.

Фискалната политика 2022-2026 е посветена на понатамошно зајакнување на управувањето со јавните финансии и фискалната одржливост, што треба да придонесе за одржување на макроекономската стабилност, постепена фискална консолидација, забрзување на економскиот раст, како и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.

Со економското закрепнување во 2021 година, се очекува интензивирање на економскиот раст во наредните години со просечни годишни стапки од 5%,

Министерот Бесими во рамки на работната посета ќе оствари средба со комесарот за соседство и преговори за проширување, Оливер Вархеји, со вршителот на должност генерален директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување, Маќеј Поповски и комесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window