Вести|

22 февруари 2022, Скопје – РС Македонија во текот на оваа недела очекува одговор за поднесените апликации за четири проекти за поддршка преку Европскиот инвестициски план за поддршка на Западен Балкан.

Ова го соопшти министерот за финансии, Фатмир Бесими по завршувањето на средбите во Брисел, потенцирајќи дека земјата има аплицирано со четири проекти од областа на транспортот, животната средина и енергетиката и дека се очекуваат резултати дали истите би биле поддржани и во колкав износ.

Со Планот за забрзан економски раст, во наредните пет години планирани се 4 милијарди евра инвестиции од јавниот сектор и дополнителни 8 милијарди евра од приватниот сектор. Овие планирани инвестиции и нивното поврзување со Европскиот инвестициски план како и можноста за нивна поддршка беа тема на средбите во Брисел.

Европскиот инвестициски план предвидува инвестиции од 9 милијарди евра во Западен Балкан во периодот од 2021 до 2027 година, и дополнителни 20 милијарди евра, средства што можат да се повлечат преку Гарантен фонд од приватниот сектор.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window