Вести|

4 март 2022, Скопје – Енергетската криза и економските последици врз европската економија, како и зајакнување на економската соработка со Италија беа тема на средбата на министерот за финансии, Фатмир Бесими со амбасадорот на Италија во РС Македонија, Андреа Силвестри.

На средбата беше истакнато дека меѓу двете земји постојат можности за зголемување на економската соработката и дека тие треба да се искористат. РС Македонија и Италија се сојузници во НАТО, а поддршката од Италија, како дел од европското семејство, во реформите што ги спроведуваме на патот за приклучување во ЕУ е очекувана.

Приоритет ни се спроведување на реформите, зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнувањето на човечкиот капитал, но и инвестициите предвидени со Интервентниот инвестициски план и можноста тие да се финансираат со поддршка од ЕУ

Исто така, беше посочено дека сме фокусирани и на справување со енергетската криза, како и со здравствената предизвикана од пандемијата на ковид-19.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window