Вести|

28 март 2022, Скопје – Посветеноста на новата Влада на РСМ на продолжувањето на патот кон ЕУ, како единствен и без алтернатива, како и на реформите што ги спроведуваме за приближување кон стандардите на ЕУ, денеска беа потврдени на средбата на министерот за финансии, Фатмир Бесими со амбасадорот на Чешката Република Јарослав Лудва.

Министерот Бесими потенцира дека очекувањата на Владата се ЕУ преку француското претседателство да ги продолжи напорите за отворање на пристапните преговори, а притоа македонската страна го продолжува дијалогот со Бугарија. Воедно на средбата е повторена поддршката на ЕУ перспективите на РС Македонија од страна на Чешката Република, којашто ќе го преземе претседателството со ЕУ на 1 јули 2022 година. Дополнително, се потврди потребата од зголемена регионална интегрираност со цел зголемени инвестиции и економски раст, а кои ќе бидат во прилог на нашата стратешка цел, приклучување кон Европската Унија.

На средбата, двајцата соговорници се осврнаа на случувањата во Украина и на влијанието врз светските економски движења, вклучително и врз двете земји, како и активностите што секоја земја ги презема за да влијае на апсорпцијата на негативните ефекти врз домашната економија.

РС Македонија, рече министерот, ги следи состојбите и веќе донесе пакет од 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните и на домашното стопанство, како и за да овозможи безбедно и сигурно снабдување со енергенси. Во таа насока, позитивно го оцени вклучувањето на нашата земја заедно со другите земји од Западен Балкан и Европската Унија во иницијативи што се во прилог на зголемена енергетска независност на Унијата и на регионот.

Министерот на состанокот упати на макроекономската стабилност во земјата и можностите за унапредување на економската соработка со Чешката Република и реализација на инвестиции.

По покажаното економско закрепнување во 2021 година, се очекува интензивирање на економскиот раст во наредните години преку реализација на инвестиции предвидени и во Планот за забрзан економски раст, но и преку зголемено учество на капиталните расходи во Буџетот, предвидено и со Фискалната стратегија 2022-2026 година каде што клучни елементи се редизајнирањето и подобрувањето на јавните финансии и постепената фискална консолидација преку намалување на буџетскиoт дефицит.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window