Вести|

14 септември 2022 – Министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе учествува на состанокот на Конституенцата на ММФ и Светска банка што ќе се одржи во Сараево. На настанот ќе се дискутира за една од најважните теми на денешницата „Од криза до опоравување“, а министерот ќе има свое излагање и на покана на домаќинот ќе ја модерира сесијата насловена „Зимата доаѓа: енергетска безбедност, транзиција и соработка“.

Во рамки на Конституенцата на ММФ и Светска банка, министерот Бесими ќе оствари посебни средби со потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде и со извршниот директор на ММФ, Кун Давидсе, како и со директорот на европскиот оддел при ММФ, Алфред Камер.

Министерот за финансии Бесими, исто така, ќе реализира билатерална средба со вицепремиерката и министерка за финансии на Холандија, Сигрид Каг.

На состанокот ќе учествуваат високи претставници на ММФ и СБ, како и гувернери на централни банки, меѓу кои и гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска Бежоска, како и министри за финансии на земјите членки.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window