Вести|

29 ноември 2022, Скопје – Министерството за финансии во октомври 2022 година, со примена на мерките за заштеда на електрична енергија, евидентира помала потрошувачка од 44% во споредба со потрошувачката на електрична енергија истиот месец претходната година.

Заштедата е резултат на примена на мерките, не само во централниот објект на Министерството за финансии, туку и во 34 подрачни одделенија и 17 трезорски канцеларии низ целата држава.

Податоците покажуваат дека во текот на октомври 2022 година се потрошени 100.000 kWh помалку. Примената на мерките обезбеди заштеда на електрична енергија во текот на септември 2022 година за 32%.

Министерството за финансии и вработените во оваа институција продолжуваат со примената на воведените мерки и во наредниот период, коишто овозможуваат рационално користење на ресурсите, а притоа непречено одвивање на целокупниот работен процес.

Мерките што ги презема Министерството за финансии се дел од пакетот што го усвои Владата за да сенамали потрошувачката на електрична енергија во државните и јавните институции, со цел сигурност и безбедност во снабдувањето со електрична енергија во текот на зимата. Пакетот содржи и препораки за граѓаните и компаниите со цел заштеда на електричната енергија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Close Search Window