Вести|

14 април 2023, Вашингтон — Експерти од Трезорот на Соединетите Американски Држави ќе дадат поддршка во унапредувањето на капацитетите на Секторот за трезор во Министерството за финансии. Денеска во Вашингтон, министерот за финансии, Фатмир Бесими потпиша спогодба со заменик–помошникот на секретарот на Трезорот на САД, Џејсон Орландо, со што се овозможува техничка помош за поддршка на јакнењето на капацитетите на Секторот за трезор.

Експертите што ќе работат со колегите од Секторот за трезор ќе дадат поддршка во низа области како што се формулирање и реализација на буџет, индикатори на успех, проекции на готовински текови и слично. Експертската поддршка ќе стартува од септември годинава.

Залагањата на Министерството за финансии се преку континуирано јакнење на сопствените капацитети да придонесува кон унапредување на управувањето со јавните финансии. Оттаму, ќе бидат потпишани договори за експертска поддршка и во други две сфери.

Минатата година, со носењето и почетокот на имплементацијата на новиот Закон за буџети, започна најголемата реформа во јавните финансии од осамостојувањето на државата, која предвидува интегрираност на финансисиите, индикатори на успех и управување со финансиите водено од резултати.

 

 

Оваа вест е достапна и на: English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *