Вести|

2 јуни 2023, Скопје – Поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава. Во Буџетот се предвидени средства за оваа намена, со што ќе се поддржат граѓаните и малите и средни фирми со цел намалување на ефектите од енергетската криза, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими во гостувањето во емисијата Вин-Вин.

„Годинава во Буџетот се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата, а дел од овие средства се наменети за ЕСМ“, рече Бесими и додаде дека и Европската Унија ни додели 84 милиони евра грант за справување со енергетската криза оваа година.
Министерот посочи дека ефектите од субвенциите се гледаат во сметките за електрична енергија што ги добиваат граѓаните. Во нив е истакнато колкава е субвенцијата што ја добиваат, бидејќи тоа се нивни пари коишто доаѓаат од даноците што ги плаќаат. „Граѓаните треба да знаат каде се трошат нивните пари, а политика на Владата е само да ја даде субвенцијата“, вели Бесими.

Министерот истакна дека изминатата грејна сезона Владата, преку субвенции кон АД ЕСМ и со фискалните импликации од намаленото ДДВ, ги поддржа граѓаните и фирмите со вкупно 400 милиони еврa за справување со енергетската криза.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *