Вести|

13 ноември 2024, Скопје – Бесплатниот пристап на новинарите до податоците на Централниот регистар, коишто се однесуваат на Регистарот на годишни сметки, Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица се уреди со измените и дополнувањата на Законот за Централен регистар, кои беа усвоени во Собранието.

Целта на измените, како што беше образложено, е во насока на поддршка и поттикнување на новинарските истражувања.

Со усвоениот Предлог е извршено и усогласување на Законот за Централен регистар со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Централниот регистар претставува централна информативна база на податоци коишто се внесуваат, електронски се обработуваат, обединуваат, селектираат, чуваат и се достапни до заинтересираните корисници.

Имено, со Законот за Централен регистар се уредува основањето, организацијата и делокругот на работа на Централниот регистар, односите помеѓу овој регистар и другите основни регистри и нивните корисници, односите со други правни субјекти, како и внесувањето, обработката, чувањето и дистрибуирањето на релевантните податоци од Централниот регистар до корисниците на тие податоци.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *