Вести|

4 април 2025, Скопје – Министерството за финансии во соработка со Институтот на сметководители и овластени сметководили работат активно на унапредување на сметководствената професија и нејзино издигнување на повисоко ниво. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на Втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија.

„Стручноста, професионалноста и одговорноста на професијата сметководител е клучната алатка во анализата на сите податоци коишто се основа за донесување вистински деловни одлуки. Професионалниот и одговорен сметководител има исклучително значајна улога во составувањето и потпишувањето на годишната сметка, финансиските извештаи и даночните пријави кои имаат значајна улога во развојот на економијата. Оттука, важната улога на Институтот на сметководители и овластени сметководители се огледа во унапредувањето и издигнувањето на сметководствената професија и во градењето сметководство со примена на прифатените стандарди во развиените земји кои, пак, влијаат врз конкурентноста на домашните компании и можноста за соработка со компаниите на глобално ниво“, рече министерката и упати на значењето на сметководителите кои се финансискиот крвоток на компанијата, истакнувајќи дека нивните вештини водат до развој на компаниите и на целокупната економија.

Таа посочи дека се работи на нов Закон за сметководители, којшто е во линија со барањата на европското законодавство, односно Директивата за корпоративно известување за одржливоста и добрите меѓународни практики и стандарди, како и на примена на стандардите ЕСГ (Environmental, Social, Governance – ESG), односно животна средина, општествена одговорност и управување кои се темел за градење одржлив бизнис и кои стануваат сѐ поактуелни.

Конференцијата се одржа во Скопје во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *