6 декември 2017, Скопје – Вечерва во МОБ, министерот за финансии Драган Тевдовски заедно со Неговата Екселенција, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, германските партнери, институции и фондации застапени во Македонија и претставници на Владата, го прослави јубилејот „25 години германско-македонска соработка“, во организација на Германската амбасада во Скопје.
„Сојузна Република Германија е еден од најголемите донатори на нашата земја. Благодарение на бројните средства доделени во вид на заеми и донации од Сојузна Република Германија, реализирани се значаен број проекти со што е направен голем чекор за понатамошниот развој на македонската економија на патот кон Европската Унија и НАТО“, истакна министерот за финансии, Тевдовски.
Амбасадорот Герберих во своето обраќање порача дека Македонија и Германија остануваат сигурни партнери.
„Германија е најзначајниот трговски партнер на Македонија. Годишната билатерална трговска размена е речиси 3 милијарди евра и постојано расте. Со Германија, која важи за лидер во експортот, Македонија дури остварува надворешнотрговски суфицит и со удел од околу 50%, Германија останува главен пазар за пласман на македонските производи. Освен тоа, повеќе од 200 компании со германски капитал вработуваат над 15.000 работници во земјата и многубројни домашни фирми имаат трговски и бизнис контакти со Германија или се претставници на големите германски марки“, рече Неговата Екселенција, амбасадорот Герберих.
Во прoдолжение е линкот од обраќањето на министерот Тевдовски: