29 ноември 2017, Скопје – “Собирањето даноци е клучно за функционирањето на една држава. Ако даноците не се собираат како што треба нема да има пари за изградба на темелите на општеството како образование, здравство, изградба на патишта..“, истакна министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски на прославата на Денот на УЈП, “Св. Матеј“.
УЈП денеска прослави 70 години даночен систем и 20 години ден на даночни работници. На прославата присуствуваше и премиерот Зоран Заев.