29 декември 2019, Скопје – Се потпиша  договорот со Светска банка со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава. Договорот го потпишаа министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Kанцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија, Марко Мантованели.

– Секој вложен денар во инфраструктурата четирикратно се враќа: се поттикнуваат транспортот, трговијата, туризмот и воедно се обезбедуваат подобри услови за живот на граѓаните. Преку овој проект ќе се обезбедат средства со кои ќе се подобри локалната инфраструктура низ целата земја. Проектот е дел од четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка во вредност од 420 милиони евра, која опфаќа инвестиции во инфраструктурата, проекти за вложување во човечки капитал, фискална одржливост и одржливост на животната средина – посочува министерката за финансии Ангеловска.

Средствата се обезбедуваат под исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и грејс период од 5 години и каматна стапка од 6-месечен ЕУРИБОР зголемен за фиксен распон, со што сега каматната стапка изнесува 0,15%.

Инаку во Министерството за транспорт и врски веќе е формирана проектна единица за спроведување на проектот, до која општините можат да доставуваат проекти.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.