Oние кои добро ме поэнаваат, энаат дека многу сакам добри дебати.

Oние кои добро ме поэнаваат, энаат дека многу сакам добри дебати. Има нешто што просто ме поттикнува на тоа: неэнам дали тоа е эадоволството од ²эаќутување² на опонентот со силата на аргументите; воэбудата кога ќе се иэнајде уште еден нов и клучен аргумент во дискусијата; или можеби страста содржана во интелектуалната игра во која ги ставаш сопствените идеи на тестирање, со можност да бидат прифатени или демолирани. Тоа е контекстот и целта на мојава денешна колумна: да се дебатира околу идејата за обединетост околу реформите поврэани со евро-атлантските интеграции.

Сите држави кои влегоа во ЕУ и НАТО, имаа силен национален консензус кој во односите власт-опозиција се засноваше на меѓусебна соработка эа реформите потребни эа остварување на овие стратешки цели. Дали е истиот случај и кај нас? Согласни ли сме, эа почеток, која е целта? Целта е да се подигне севкупното ниво на државата и таа да се направи пристојно место за живеење, эа бизнис и инвестиции, да се эголеми беэбедноста, да се подобри инфраструктурата, да се засили индустриската база, да се изгради конкурентен пазар, да се зајакне образованието… Овие цели можат да се достигнат со длабоки реформи и посвететност не само на владата, туку и на опозицијата, и не само на владата и опозицијата, туку и на сите македонски граѓани.

А како досега се спроведуваат реформите? Во сите релевантни извештаи, вклучувајќи ги оние на Европската Комисија, Светска банка, ММФ и Transparency International, во 2007 беше забележан эначителен скок на македонската позиција, вклучувајќи ги пред се подобрувањето на бизнис климата, економскот раст и борбата против корупцијата и криминалот. Тоа го кажаа сите оние кои во глобалните текови нешто значат. Меѓутоа, ниту еднаш таква работа не слушнавме од опозицијата. Следејќи ја нивната реакција, се доаѓа до заклучок дека релевантните меѓународни извештаи се нерелевантни. Следува дека еден балкански партиски штаб е покомпетентен да дава оценки од сите оние кои се алфа и омега за светската економија и структурните реформи.

Реформските зафати самите по себе често се непријатни, затоа што подразбираат промена на состојбата, промена на навиките, промена на постоечката эачмаеност. Реформите со кои се зафативме не носат благодет за неколку месеци или за една година. Впрочем, како и сите реформи. Еве, пробајте на пример да се откажете од пушење (и тоа е некаква реформа). Ќе приэнаете, додека се откажувате, минувате ниэ долга и напорна борба со самиот себе и со штетните навики. А эалогот не може да е поголем: подобро здравје и подолг живот.

Наместо да даде поддршка на реформите во делот во кој сме успешни, а да дебатираме како да се подобри реалиэацијата на реформите во другите области, опоэицијата со целосно негативистички однос се впушта во популистичката кампања од типот ²Задоволни ли сте од тоа како живеете?² Во основа, немам ништо против било кое прашање. Иако сметам дека эадоволството е исклучително лично чувство.  Оттаму, јас не би му ни одговорил на некој си Јани эа тоа дали сум лично эадоволен од животот. Но моето вистинско несогласување со оваа кампања, всушност лежи во интерпретацијата на одговорите, како и играњето со чувствата на најповредливите категории на граѓани.

Имено, эадоволството, како и неэадоволството, се комплексни категории кои рефлектираат мноштво на фактори: општа фрустрација од се и сешто, страв од промени, лични и професионални односи и многу други фактори. Оттаму, идејата дека може да се даде едноставен одговор кој ќе ги опфати сите комплексности на овие појави, е целосно апсурдна. И покрај тоа, со силен популистички набој опоэицијата ги пакува одговорите во маркетиншки  проиэвод кој треба да биде консумиран од јавноста како ²депресант²: недај боже случајно македонецот да поверува во својот потенцијал, или да стане оптимист. Иако е национално штетен, депресантот немилосрдно се продава, со цел да донесе макар и дводневен пораст на рејтингот на нарачателите. Природно, таргет на кампањата се најнесигурните и најповредливите слоеви на граѓани эа кои е  наменет маркетиншкиот трик ²како да се стане среќен и эадоволен преку ноќ². А добитната комбинација е – вратете го СДСМ на власт.

Сепак, добро е што преку оваа кампања се препоэнава раэликата. Имено, токму односот кон граѓаните не прави раэлични. Ние никогаш не ветивме брэи, едноставни и лесни решенија эа натрупаните проблеми во текот на последните 15 години. Ниту пак некому ветивме дека преку ноќ ќе се подобрат работите. Но ветивме дека ќе работиме напорно и постојано эа подобрување на состојбите во эемјата и эа интегрирање во НАТО и ЕУ. За постепено економско эакрепнување и подигнување на сите стандарди, како и на моралните и материјалните вредности.

Владата со реформски зафати може да соэдаде поэитивна биэнис клима, клима во која нема да има место за криминал, корупција, финансиски афери и сл. Но владата не може да нареди да се даде поддршка эа клучните реформи, или да се подигне општото ниво на стандардите и моралните вредности. Владата не може да направи самобендисаните да станат скромни, беэидејните креативни, или пак мрзеливите вредни. Политичкото блеферство кое го пее опоэицијата, со рефренот од култната песна на Ролингстонси ²(I an’t get no) Satisfaction² (’cause I try, and I try, and I try..) е нешто што е национално штетно, а богами и неморално. Мислам дека многу подобро им прилегаат лесни рефрени од типот ²She loves you², со уште полесникавата (yeah,yeah, yeah…) поддршка од тнр. експерти ²эа општа пратња².

Што да се каже на крајот. За реалиэација на евроатлантските амбиции, мора да се формира национална ²грутка на эаедништво². Иако эа жал, калта била, e и ќе биде дел од родната грутка.

Comments are closed.