Кабинет
Кабинетот на министерот има за цел да извршува работи кои се непосредно поврзани со министерот, заменикот на министерот и државниот секретар.
При тоа, Кабинетот е задолжен за комуникација со јавноста за активностите на министерот и на Министерството за финансии, организирање средби и комуникација со средствата за јавно информирање, протоколарни работи, остварување комуникација со други органи и организации, разгледување и предлагање мерки по однос на иницијативи, предлози и претставки од граѓани, органи и организации.
Исто така, во рамки на Кабинетот се врши подготовка на седниците на Стручниот колегиум, подготовка и средување на материјалите за седниците на Владата и на Собранието на Република Северна Македонија, потоа следење на извршувањето на заклучоците на Владата и на Собранието на Република Северна Македонија, работи од областа на одбраната и класифицираните информации, како и други работи.
Официјална е-маил адреса на Кабинет на Министер за финансии
Елена Оранска
Технички секретар на заменик министер
02/3255-611
elena.oranska@finance.gov.mk