ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИТЕ ИГРИ И ЛИЦЕНЦИ ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА

 

ЗАКОН ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗА ЗАБАВНИТЕ ИГРИ

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ (5 март 2011 година), а ќе започне да се применува по истекот на шест месеци од денот на неговото влегување во сила (5 септември 2011 година), освен одредбите на членовите 66 ставови 1, 2, 3, 4 и 5, 160 ставови 2, 3 и 4, 161 ставови 2, 3 и 4, 162 ставови 2, 3 и 4 и 163 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат од денот на влегувањето во сила на овој закон (5 март 2011 година).

Со денот на започнувањето на примената на овој закон (5 септември 2011 година) престанува да важи Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија’ бр. 10/97, 54/97, 13/01, 2/02 и 54/07), освен одредбите на членот 78-а (во делот со кој се уредени надоместоците во месечен износ за рулет маса, за други маси и за автомати на игри на среќа кои ѓи плаќаат приредувачите на игри на среќа во казино и автомат клуб) и одредбите на членот 79-а (во делот со кој е уредена посебната давачка која ја плаќаат приредувачите на играта на среќа обложување на спортски натпревари) кои престануваат да важат со денот на влегувањето во сила на овој закон (5 март 2011 година).

 

ЗАКОН ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗА ЗАБАВНИТЕ ИГРИ

Овој закон престанува да важи со денот на започнувањето на примената на Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11 и 51/11), освен одредбите на членот 78-а (во делот со кој се уредени надоместоците во месечен износ за рулет маса, за други маси и за автомати на игри на среќа кои ѓи плаќаат приредувачите на игри на среќа во казино и автомат клуб) и одредбите на членот 79-а (во делот со кој е уредена посебната давачка која ја плаќаат приредувачите на играта на среќа обложување на спортски натпревари) кои престануваат да важат со денот на влегувањето во сила на Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/11 и 51/11), односно на 5 март 2011 година. 

 

ИЗДАДЕНИ ЛИЦЕНЦИ ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО АВТОМАТ КЛУБ

 

ИЗДАДЕНИ ЛИЦЕНЦИ ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО КАЗИНО

ИЗДАДЕНИ ЛИЦЕНЦИ ЗА ПРИРЕДУВАЊЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА