Клучни промени за подобрување на транспарентноста

  1. Објавени се извештаи за извршувањето на Буџетот по буџетски корисници на месечна основа http://www.finance.gov.mk/mk/node/693
  2. Се објавуваат и извештаи за извршувањето на Буџетите на општините на квартална основа http://www.finance.gov.mk/mk/node/898
  3. Се објавува квартален извештај за извршување на Буџетот на општата Влада http://www.finance.gov.mk/mk/node/898
  4. Подобрен е Полугодишниот извештај за извршување на Буџетот на РМ и тој за првпат содржи детални податоци за сите буџетски корисници http://www.finance.gov.mk/mk/node/898
  5. Објавени се сите доспеани и неплатени обврски со пресечен датум 31 мај на сите буџетски корисници, јавни претпријатија и општини http://www.finance.gov.mk/mk/node/6972
  6. За првпат од независноста на Р. Македонија беа објавени податоци за распределбата на доходот на граѓаните, врз основа на податоци на УЈП http://www.finance.gov.mk/mk/neednakvost
  7. Објавен е „Граѓански буџет“ врз основа на податоците од Ребалансот на Буџетот за 2017 година http://www.finance.gov.mk/mk/node/6597#overlay-context=
  8. Објавен е и „Граѓански буџет“ врз основа на податоци за Предлог-буџетот. Исто така изработени се и „Граѓански буџети“ од страна на сите министерства за нивните поединечни буџети http://www.finance.gov.mk/mk/node/6597#overlay-context=
  9. За првпат од независноста на Македонија, Министерството за финансии организира јавна дебата за Буџетот и тоа пред истиот да влезе во владина постапка. На дебатата присуствуваа невладиниот сектор, експертската јавност, коморите, синдикатите, како и претставници од меѓународните финансиски партнери на РМ  http://www.finance.gov.mk/mk/node/6781
  10. Направени се законски измени со кои се воведе обврска сите буџетски корисници и јавни претпријатија своите завршни сметки да ги објавуваат на своите веб-страници и да бидат достапни за јавноста http://www.finance.gov.mk/mk/node/6973
  11. Се наметна обврска до буџетските корисници и јавните претпријатија сите договори за јавни набавки и анекси да ги објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки - e-nabavki и со тоа истите се достапни до јавноста https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/ConcessionAnnouncements/
  12. Во насока на отворање на податоците Бирото за јавни набавки ја направи јавно достапна платформата Отворени Податоци на веб страницата е-Набавки https://www.e-nabavki.gov.mk/opendata-announcements.aspx#/home
  13. Одржани се јавни дебати за текстот на новиот Предлог-закон за јавни набавки  http://www.finance.gov.mk/mk/node/7051 , http://www.finance.gov.mk/mk/node/7064
  14. Веб-страницата на Министерството за финансии е сменета со цел полесен пристап до извештаи и информации за јавноста. Сега сите податоци се достапни и во ексел формат.