АФКОС - Одделение за координација на борба против измама на ЕУ средства

Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) е формирано во Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор и координација на борба против измама на ЕУ средства во рамките на Министерство за финансии на Република Северна Македонија како контакт точка за соработка со канцеларијата на Европската комисија за борба против измама (OLAF).

Надлежностите на АФКОС се утврдени во член 50 од Рамковната спогодба помеѓу Република Северна Македонија застапувана од страна Владата на Република Северна Македонија и Европската  комисија  за постапките за спроведување на  финансиската помош од Унијата за Република Северна Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) (”Службен весник на РМ” бр.99/2015). Обемот на работата на Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата е утврден и во Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за финансии бр.01-6174/5 од 05.12.2018 година.

Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата ги има следните надлежности:

- координација на административни и оперативни обврски и активности и предложува измени на националното законодавство, со цел да се заштитат финансиските интереси на Европска Унија,

-  ги води активностите за изготвувањето и спроведувањето на Националната стратегија за борба против измама и заштитата на финансиските интереси на Европската унија,

-  ја олеснува ефективната соработка и размена на информации со ОЛАФ,

-  идентификува можни слабости во националниот систем за управување со фондови на Унијата,

- обезбедува доволен капацитет од човечки капитал за овие задачи, вклучувајќи обука на персонал за спречување на финансиска измама,

-  ја поддржува соработката помеѓу националната администрација, органите на прогонот и ОЛАФ,

- споделува информации за неправилности и случаи на сомнеж за измама со надлежните национални државни органи и ОЛАФ и

- обезбедува исполнување на другите обврски за заштита на  финансиските интереси на Европска Унија  предвидени со правните документи за имплементација на ЕУ помошта во Република Македонија.

Контакти:

Фатмир Адеми, Раководител на сектор за финансиска инспекција во јавниот сектор и координација на борба против измама на ЕУ средства - Главен инспектор
тел: +389 3255 301

e-mail: fatmir.ademi@finance.gov.mk

Дивна Најдовска, Раководител на одделение за координација на борба против измама на ЕУ средства (АФКОС)
tel: +389 3255 469

 e-mail: divna.najdovska@finance.gov.mk

 

Органограм на Министерство за финансии