Пријавување на неправилности

Сите физички и правни лица можат да го известат Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) исклучиво во врска со управувањето и користењето на фондовите на ЕУ во интерес на заштитата на финансиските интереси на Европската унија:

преку е-пошта: nepravilnosti_EU@finance.gov.mk  или

писмено преку адреса: Министерство за финансии, Даме Груев бр. 12, 1000 Скопје, Одделение за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС).

Физичките и правните лица имаат можност директно да ја известат Европската канцеларија за спречување измами (ОЛАФ) за сомневање за измама и неправилности поврзани со управување и користење на фондовите на ЕУ:

Адреса: OLAF - Европска комисија, Rue Joseph II, 30, 1049 Брисел, Белгија

Е-пошта: OLAF-FMB-SPE@ec.europa.eu

Линк: https://fns.olaf.europa.eu/

Неправилност е секое прекршување на одредба од применливите правила и договорите што произлегуваат од постапување или испуштање од страна на некој економски оператор што има, или би имало ефект кој штетно ќе влијае на општиот буџет на Унијата со наплатување на неоправдани расходи од општиот буџет.

Сомневање за финансиска измама е неправилност која предизвикува покренување на административни или судски постапки на национално ниво со цел да се воведе намерно однесување, поточно финансиска измама.

Пријавата за неправилност треба да содржи што е можно попрецизни и поточни информации за прекршокот што се појавува во текот на имплементацијата на проектите кофинансирани од фондовите, инструментите и програмите на Европската унија и треба да бидат поддржани со документирани докази, доколку се достапни.

Секое лице кое поднело известување за неправилност, е заштитено согласно Законот за заштита на укажувачи.