Настани

Одржан АФКОС семинар во Скопје

Во организација на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) со помош на Министерството за финансии на Северна Македонија, оваа година АФКОС семинарот на тема „Фокусирање на циклусот против измама: меѓусебно поврзување помеѓу спречување измама и истраги“ се одржа во Скопје од 18 до 20 септември 2019 година.

afcos

Учество на семинарот зедоа 7-те земји-кандидатки за Европската Унија ​​и потенцијални кандидати, претставници од 3 земји членки на Европската Унија, како и претставници од Грузија, Молдавија и Украина.

Главен фокус на овој семинар беа предизвиците и можностите за спречување измама и неправилности, размена на искуства и добри пракси помеѓу националните власти, како и градење на меѓу институционални односи на соработка.

Семинарот го отворија со своите воведни говори генералниот директор на ОЛАФ, г-дин Виле Итала и Министерската за финансии на Република Северна Македонија, г-ѓа Нина Ангеловска. Главна порака од воведните говори е дека заедничка одговорност е да се обезбеди средствата на Европската Унија да се трошат правилно и здраво, со промовирање на принципот на нулта толеранција за корупција.