Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика

ipa

Twinning Project MK 18 IPA FI 02 19

 Improving Revenue Collection and Tax and Customs Policy"

Основни информации:

 

Име на проектот: „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“

Корисник: Министерство за финансии, Управа за јавни приходи, Царинската управа

Имплементиран од: AEI - Agency for European Integration (Агенција за Европска Интеграција од Австрија)  

Период на имплементација: 21 јануари 2020 – 20 јануари 2023

Вредност: 3.500.000,00 ЕУР

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Националната ИПА Програма за 2018 IPA 2018/040-860/01.03/MK/PFM

Краток опис:

Главна цел на твининг проектот ,, Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика,, е да ја подобри и хармонизира даночната и царинската легислатива во согласност со релевантната легислатива на Европската Унија и најдобрите практики, да ја подобри економската анализа и предвидувањето на приходите, како и моделирање и зајакнување на оперативните и административни капацитети на клучните институции во системот. Во прилог на тоа, проектот е насочен кон поедноставување на даночните и царински процедури, вклучувајќи ги декларирањето и наплатата преку намалување на административните процедури и трошоци, како и подобрување на даночните и царинските услуги обезбедени кон граѓаните.

Компоненти:

  • Компонента 1: Усогласување на легислатива во полето на даноците и царината со регулативата, стандардите и најдобрите практики на Европската Унија.
  • Компонента 2: Зајакнување на капацитетите на Министерството на финасии за спроведување на анализа и предвидување на даночната политика.
  • Компонента 3: Подобрување на оперативните и административни капацитети на Царинската управа за зајакнување на националната легислатива и процедури, сметководствено управување и информатички услуги.
  • Компонента 4: Подобрување на оперативните и административни капацитети на Управата за јавни приходи во поглед на зајакнување на националната легислатива, информатичките услуги и процедури. 

Експерти од Австрија, Хрватска, Словенија, Холандија и други земји членки на ЕУ ќе соработуваат со експерти од Министерство за финансии, Управата за јавни приходи  и Царинската управа во бројни активности кои се планирани со временската рамка на проектот.

За дополнителни информации:

Постојан твининг советник Г-а Романа Робник

romana.robnik@finance.gov.mk

Асистент на постојаниот твининг советник, Г-a Дервиша Хаџиќ-Рахиќ

dervisha.rahik@finance.gov.mk  

Асистент на постојаниот твининг советник, Г-дин Ристе Николов

riste.nikolov@finance.gov.mk

Преведувач на проектот, Г-а Снежана Филиповска

snezana.filipovska@finance.gov.mk

Преведувач на проектот, Г-а Ивана Лекиќ

ivana.lekikj@finance.gov.mk