Извлечен првиот добитник на една од двете најголеми награди од три милиони денари, во МојДДВ, #МојаНаграда

Околу 42 милиона сметки што ги скенирале 216 илјади граѓани учествуваа во јавното извлекување на главната награда на МојДДВ #MојаНаграда од три милиони денари, а најсреќниот добитник е Дејан Петков од Штип. Извлекувањето беше емитувано на Канал 5 телевизија во вечерниот термин.

Досега во три кола се извлечени вкупно 45 награди од по 100 илјади денари, а следуваат уште 9 месечни извлекувања од по 15 награди секој месец по 100 илјади денари и уште една главна награда од 3 милиони денари.

Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 6 март и тоа 717 илјади сметки, при што бил остварен промет од 304 милиони денари, зашто е наплатен ДДВ од 32,5 милиони денари. За скенираните сметки само од овој ден граѓаните ќе добијат поврат од 878 илјади денари.

Вкупно од први јануари до 16 март годинава, од скенирани сметки е остварен промет од 19 милијарди денари, при што е наплатен данок на додадена вредност од две милијарди денари, зашто граѓаните ќе добијат поврат од 303 милиони денари.

Сите учесници во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда не само што имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, туку и на секои три месеци добиваат поврат на ДДВ. Но најважното е што сите тие на тој начин придонесуваат во борбата против сивата економија.