"Скенирам и донирам“ - информација за можноста за донирање на повратот на ДДВ со цел борба против Covid-19

Заедно можеме да придонесеме во борбата против Covid-19!

Преку апликацијата МојДДВ можеш да го донираш својот поврат на ДДВ за јан.-мар, за справување со последиците од Covid-19.

Донацијата на повратот се прави едноставно - со притискање на копчето „да, го донирам мојот поврат на ДДВ“. Истата се однесува само на стекнатото право на поврат за прво тримесечје од годинава.

Доколку првично не си донирал, секогаш можеш да се предомислишпреку копчето  „Скенирам и донирам“ достапно на главниот екран и да го донираш својот поврат.

Објава на уредбата во Службен весник