Јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост

Владата на Република Северна Македонија е основач на 14 јавни претпријатија и единствен акционер/содружник во 15 трговски друштва од кои 13 се акционерски друштва во државна сопственост, а 2 се ДООЕЛ-и во државна сопственост.

Со цел поголема транспарентност во работењето на јавните претпријатија и трговските друштва во државна соспственост, во постојните законски прописи во кои е регулирано работењето на овие субјекти, (пред се Законот за јавните претпријатија и Законот за трговските друштва) како и во нивните статути или изјави, овие субјекти имаат обврска да доставуваат до Владата на Република Северна Македонија тримесечни извештаи за финансиското работење во соодветниот квартал како и да ги објавуваат истите на своите веб страни.

Во таа насока, Министерството за финансии објавува обединета табела во која се содржани податоци за финасиското работењето (приходи и расходи) на горенаведените 29 субјекти, на квартална основа.