Најави за настани

Посета училиште с.Гургурница, Брвеница
07.03.2019
Утре, 8-ми март 2019, министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во земјава Самуел Жбогар и претставникот на Светска банка во земјава Беким Имери ќе го посетат новото училиште во с.Гургурница, општина Брвеница. Училиштето е изградено преку Проектот за подобрување на општинските услуги, кое се реализира преку Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европска комисија.
 
Агенда:
 
Работна посета на УИПР и БЈН
11.01.2019

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе оствари работна посета на Управата за имотно правни работи, како и на Бирото за јавни набавки.

Работна посета на УФР
10.01.2019

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе оствари работна посета на Управата за финансиско разузнавање.

Водич за подобро информирање на физичките лица за ДДВ
09.01.2019

Денеска во Министерството за финансии ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран Водичот за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност.

 

Работна посета на Царинска управа
08.01.2019

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ќе оствари работна посета на Царинската управа.

Посета на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје
04.01.2019

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ќе оствари работна посета на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје, како и на Управата на финансиска полиција. 

Заедничка прес-конференција на претседателот на Владата и министерот за финансии
03.01.2019

Денеска во Министерството за финансии, претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе одржат заедничка прес-конференција.

 

Прес-конференција во МФ
24.12.2018

Денеска во Министерство за финансии ќе се одржи прес-конференција на тема “Десет клучни реформи за подобар систем на јавни финансии во 2018“.

Трет ПФМ дијалог
20.12.2018

Денеска во Министерство за финансии ќе се одржи третиот ПФМ дијалог на кој ќе присуствуваат министерот за финансии Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевески, претставници од институциите, од невладиниот сектор и експертската јавност.

Потпишување договор за котација на државните обврзници
19.12.2018

Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев ќе го потпишат договор за котација на државните обврзници.

Pages