Вести

Вицепремиерот Анѓушев и министрите Тевдовски и Адеми од Виенскиот економски форум: Реформите во енергетскиот, финансискиот и обр
20.05.2019

20 мај 2019, Виена - Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министрите за финансии и за образование и наука, Драган Тевдосвки и Арбер Адеми, во рамки на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори - нови перспективи за Република Северна Македонија, го презентираа потенцијалот за инвестирање во земјата и тоа во областа на инфраструктурата и енергетиката, во финансискиот сектор, како и можностите за инвестирање во човечкиот капитал.

Тевдовски: Вмрежување на фирмите и работни места за младите се економски приоритети на патот кон ЕУ
17.05.2019

17 мај 2019, Брисел - Намалување на невработеноста меѓу младите, интегрирање на домашните компании на меѓународните пазари и борбата против сивата економија се трите клучни предизвици што ќе бидат опфатени во Програмата на економски реформи 2020-2022, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на Економскиот и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, кој се одржува во Брисел.

Предлог измените на Законот за ДДВ во собраниска процедура
17.05.2019

17 мај 2019 година - Физичките лица кои се регистрирани како ДДВ обврзници наместо за пет години ќе им се даде можност да се одјават од системот на УЈП за 2 години доколку во овој период оствариле промет помалку од еден милион денари годишно. Услов е за истиот тој период да не е користено правото на одбивка на претходен данок. Ова е предвидено со предлог измените на Законот за данокот на додадена вредност. Предлог измените денеска на собраниска седница ги образложи заменик министерката Ширет Елези.

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Економскиот и финансискиот дијалог ЕУ-Западен Балкан
17.05.2019

17 мај 2019, Брисел - Министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, денес, учествуваат на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, кој се одржува во Советот на Европската Унија во Брисел.

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
14.05.2019

14 мај 2019, Скопје - На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 4,9 милијарди денари (80 милиони евра), од кои во текот на месец мај ќе се врати износ од 2,9 милијарди денари (46,9 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

На отворањето на Конференцијата за факторинг свое обраќање имаше и заменик министерката за финансии, д-р Ширет Елези.  „Пристапо
14.05.2019

14 мај 2019 година, Скопје - Денеска се одржа Прва регионална конференција на тема “Факторинг како алтернативен начин на финансирање“, на која свое обраќање имаа заменик министерката за финансии, Ширет Елези и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Конференцијата се одржува во рамки на Проектот на УСАИД за Факторинг. 

Граѓаните и фирмите ќе можат он-лајн да ги следат предметите за приватизација преку privatizacija.finance.gov.mk
13.05.2019

13 мај 2019, Скопје - Граѓаните и фирмите од денеска на порталот privatizacija.finance.gov.mk ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР). Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УИПР Шасине Касами ја презентираа платформата.

Тевдовски: Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар
09.05.2019

9 мај 2019, Сараево - Европската банка за обнова и развој ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје - Блаце и Кичево - Гостивар, поточно првата делница Кичево - Букојчани. Ова го истакна министерот за финaнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево.

Тевдовски: Новата стратегија за соработка и проекти со ЕБОР ќе се усвои до крај на мај
08.05.2019

8 мај 2019, Сараево - Новата четиригодишна стратегија за соработка со Европската банка за обнова и развој ќе се усвои до крајот на мај, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на Годишните средби на ЕБОР, кои се одржуваат во Сараево. Во новата стратегија има повеќе проекти, кои треба да поддржат три приоритети: поддршка на конкурентноста, јакнење на регионалната интеграција и поддршка на приближувањето кон ЕУ и насочување кон зелена економија, информира Тевдовски.

Заев и Тевдовски: ЕБОР е наш стратешки економски партнер за реформи
08.05.2019

Скопје, 8 мај 2019 (МИА) – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е наш стратешки економски партнер за реформите и за создавање одржлива пазарна економија на нашиот пат кон Европската унија, порачаа премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски кои денеска учествуваа на церемонијата на отворање на Генералното собрание на ЕБОР во рамки на Годишните средби на ЕБОР во Сараево, соопшти владината прес-служба.

Pages