Граѓански Буџет е веб апликација која на едноставен начин го доближува буџетот до граѓаните, интерактивно ги информира за тоа како се крои буџетот, на кој начин се полни и како се трошат распределените средства.

budget.finance.gov.mk

 

Порталот „Отворени финансии“ има за цел да и овозможи на јавноста увид во податоците за реализација на трансакции на сите буџетски корисници на Буџетот на Република Северна Македонија, со кои што располага Трезорот на Министерството за финансии.

open.finance.gov.mk

 

Капиталните расходи или капитални инвестиции, се расходите на буџетските корисници наменети за трајни добра како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството итн. Нивната реализација е важна бидејќи креираат подобри услуги за граѓаните и придонесуваат за развој на економијата.
Следете ја  реализацијата на капиталните расходи на секоја институција – реализирано во однос на планирано во Буџетот.

kapitalni-rashodi.finance.gov.mk

 

 

Во рамките на порталот „Отворени финансии“ се содржани и податоци за висината и структурата на јавниот долг. Јавниот долг претставува збир на финансиски обврски создадени со задолжување на централната влада, општините и долгот на јавните претпријатија и трговските друштва во доминантна сопственост на државата или општините.

javendolg.open.finance.gov.mk

 

Буџет – документи

Трезор, извештаи, извршување на Буџет, месечни податоци

Јавен долг – состојба на јавен долг

ЕСПЕО извештаи

Статистички преглед

Основни индикатори

 

 

 

 

 

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window