Сите физички и правни лица можат да го известат Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) исклучиво во врска со управувањето и користењето на средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во интерес на заштитата на финансиските интереси на Европската унија:
преку е-пошта: nepravilnosti_EU@finance.gov.mk или
писмено преку адреса: Министерство за финансии, Даме Груев бр. 12, 1000 Скопје, Одделение за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС).
Физичките и правните лица имаат можност директно да ја известат Европската канцеларија за спречување измами (ОЛАФ) директно за сомневање за измама и неправилности само со управување и користење на фондовите на ЕУ:
Адреса: OLAF – Европска комисија, Rue Joseph II, 30, 1049 Брисел, Белгија
Е-пошта: OLAF-FMB-SPE@ec.europa.eu
Линк: https://fns.olaf.europa.eu/
Неправилност е секое прекршување на одредба од применливите правила и договорите што произлегуваат од постапување или пропуштање од страна на некој економски оператор што има или би имало ефект кој штетно ќе влијае на буџетот на Унијата со наплатување на неоправдани расходи од буџетот.
Сомнеж за измама е неправилност која предизвикува иницирање на административни или судски постапки на национално ниво со цел да се детектира можна финансиска измама на штета на буџетот на Европската Унија.
Пријавата за неправилност треба да содржи што е можно попрецизни и поточни информации за прекршокот што се појавува во текот на имплементацијата на проектите кофинансирани од фондовите, инструментите и програмите на Европската унија и треба да бидат поддржани со документирани докази, доколку истите се достапни.