Примарен делокруг на работа на Секторот за финансиски систем е изготвување регулатива од областа на банкарскиот систем и небанкарските финансиски институции, пазарот на капитал, системот на осигурување, сметководствениот систем, ревизијата и платниот промет, игрите на среќа и забавните игри, како и изготвување мислења, анализи и информации од областа на финансискиот систем.

Во Секторот за финансиски систем се изготвуваат дозволи и согласности за финансиските друштва и друштвата за финансиски лизинг како и лиценци, дозволи и решенија за приредувачите на игри на среќа и забавни игри. Со цел подобрување на стабилноста на финансискиот систем во Република Северна Македонија и заштита на корисниците на финансиски услуги, Секторот за финансиски систем врши надзор над работењето на финансиските друштва и друштвата за финансиски лизинг.

Секторот за финансиски систем континуирано учествува во процесот на пристапни преговори со Европската унија и е носител на Поглавјето 4-Слободно движење на капитал и Поглавјето 9-Финансиски услуги. Во рамките на Секторот се подготвуваат и Договорите за поттикнување и заемна заштита на инвестициите меѓу Република Северна Македонија и трети земји.

Клучни контакти:

Раководител на сектор
Иван Недев
телефон: 02/3255-370
е-пошта:  ivan.nedev@finance.gov.mk

Помошник Раководител на сектор
Орнела Трајкоска Пендевска
телефон: 02/3255-355
е-пошта: ornela.trajkoska@finance.gov.mk

 

Одделенија:

Одделение за банкарски и небанкарски институции
Елена Анѓеловска
телефон: 02/3255-317
е-пошта:  elena.rveljanoska@finance.gov.mk

Одделение за пазар на капитал
Раководител: Аница Васовиќ
телефон: 02/3255-354
e-пошта:  anica.vasovic@finance.gov.mk

Одделение за сметководствен систем, платен промет и ревизија
Раководител: Марина Станојкова Арсовски
телефон: 02/3255-359
е-пошта:  marina.stanojkova@finance.gov.mk

Одделение за системот на осигурување
Раководител: Тања Танеска Лазаревска
телефон: 02/3255-403
е-пошта: tanja.taneska-lazarevska@finance.gov.mk

Одделение за игри на среќа и за забавните игри 
Раководител: Софка Дугалиќ
телефон: 02/3255-368
е-пошта: sofka.dugalic@finance.gov.mk

 

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.