Република Северна Македонија подолг период спроведува реформи во локалната самоуправа. Фискалната децентрализација е еден од приоритетите кои произлегуваат од Пристапното партнерство на Република Северна Македонија со ЕУ, и е тесно поврзана со меѓувладините трансфери поради што Владата се определи за внимателен и фазен пристап во нејзиното имплементирање.

Главниот принцип на фазниот пристап е постепено пренесување на надлежностите, во согласност со порастот  на капацитетот на локалните власти да ги преземат овие одговорности  со обезбедeн правичен и соодветен трансфер на средства. До крајот на 2011 година сите општини во Република Северна Македонија преминаа во втората фаза од фискалната децентрализација, односно ги вршат работите на администрирање и финансирање на децентрализираните надлежности во културата, образованието, детската и социјалната заштита (освен Општина Пласница).

Владата на Република Северна Македонија презеде  мерки и активности за зајакнување на капацитетите за развивање политики за финансирање и јакнење на капацитетите за финансиско управување на општините, што придонесе за значаен пораст на сопствените приходи. Во општините постојано се подобрува наплатата на сопствените приходи, особено на даноците на имот.

Документи

 

Comments are closed.