Акцизите на територијата на Република Македонија се наплаќаат посредно или непосредно за потрошувачка на: минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци, тутунски добра и патнички автомобили. Акцизните добра стануваат подлежни на акциза во три случаи: со нивното производство на територијата во Република Македонија, со нивниот увоз во земјава, и кога добрата се наоѓаат под царински надзор.
Акцизен должник
- Акцизен должник е она физичко или правно лице, коешто е имател на акцизната дозвола.
- Акцизен должник во случаите на непостоење на постапка за акцизен долг е производителот на акцизното добро.
- Доколку гаранција за акцизното добро дал превозникот, царинскиот декларант или сопственикот на добрата, тогаш тие лица претставуваат акцизни должници.
- Доколку акцизата се уште не настанала, а примателот на доброто го примил на акцизната територија, тогаш доброто се наоѓа во негова надлежност, и тоа лице претставува акцизен должник.
- Акцизниот период за кој се пресметува и плаќа акцизата е еден календарски месец, во кој настанала акцизата.
Износ на акциза
Акцизата може да биде пропишана во процентуален износ – пропорционална акциза, или во апсолутен износ по единица мерка (килограм, литар, по парче) -специфична акциза. За определени добра (тутунски добра) е пропишана комбинирана акциза (пропорционална и специфична).
Стапки и износи на акциза во Република Македонија
Акцизно добро | Акциза | ||
Минерални масла | |||
Моторен бензин: | |||
– со содржина на олово повисока од 0,013г/л | 24,396 ден/лит | ||
– безоловен со содржина на олово до 0,013г/л | 21,692 ден/лит | ||
Гасно масло: | |||
– како погонско гориво | 15,121 ден/лит | ||
– како гориво за греење | 6,136 ден/лит | ||
Течен нафтен гас: | |||
– како погонско гориво | 4,900 ден/кг | ||
– како гориво за греење | 4,900 ден/кг | ||
Керозин: | |||
– како погонско гориво | 9,000 ден/лит | ||
– како гориво за греење | 1,800 ден/лит | ||
Масло за ложење | 0,100 ден/кгр | ||
Нафтен кокс | 84,6 ден./ GJ (гигаџул) | ||
Масла за подмачкување: | |||
– минерални масла | 7 ден/кгр | ||
– препарати | 22 ден/кгр | ||
Алкохол и алкохолни пијалоци | |||
Пиво | 4 ден.по литар/степен на алкохол или
1,65 ден.по литар/степен екстракт |
||
Пенливо вино | 0 ден/литар | ||
Вино | 0 ден/литар | ||
Други пенливи пијалоци | 0 ден/литар | ||
Други непенливи пијалоци | 0 ден/литар | ||
Меѓупроизводи | 340 ден/литар чист алкохол | ||
Етил алкохол | 340 ден/литар чист алкохол | ||
Тутунски добра | |||
Пури и цигарилоси
|
21,37 ден/по парче и
0% од малопродажна цена |
||
Цигари | 1,353 ден/по парче и
9% од малопродажна цена. Ако комбинираната акциза е под износот од 1,553 денари по парче се применува минималната акциза во тој износ. Напомена: Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,20 денари по парче на 1 јули во секоја година. |
||
Тутун за пушење како фино сецкан тутун | 1.500 ден по килограм и
0% од малопродажна цена Напомена: Од 1 јули 2014 година заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на тутун за пушење како фино сецкан тутун се зголемува за 50 денари по килограм на 1 јули во секоја година. |
||
Тутун за пушење како друг тутун за пушење | 1.350 ден по килограм и
0% од малопродажна цена |
||
Патнички автомобили | |||
Вредност на патнички автомобили во евра/над | Вредност на патнички автомобили во евра/до | Стапки на акциза | |
0 | 3.000 | 0,00% | |
3.000 | 4.000 | 0,50% | |
4.000 | 5.000 | 1,00% | |
5.000 | 6.000 | 1,50% | |
6.000 | 8.500 | 2,00% | |
8.500 | 12.000 | 3,00% | |
12.000 | 14.000 | 4,00% | |
14.000 | 16.000 | 6,00% | |
16.000 | 18.000 | 9,00% | |
18.000 | 22.000 | 11,50% | |
22.000 | 25.000 | 13,50% | |
25.000 | 30.000 | 15,50% | |
30.000 | 18,00% | ||