АФКОС мрежата ги опфаќа институциите кои согласно закон се надлежни за борба против неправилности, измами, корупција или друга форма на незаконски активности. Мрежата е составена од претседател, заменик претседател, 14 члена и нивни заменици.
АФКОС мрежата е составена од следните институции:
– Министерството за финансии, како координатор на АФКОС мрежата;
– Јавното обвинителство на Република Северна Македонија;
– Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција;
– Министерството за финансии – Управата за јавни приходи;
– Министерството за финансии – Царинската управа;
– Министерството за финансии – Управата за финансиско разузнавање;
– Државната комисија за спречување на корупцијата;
– Министерството за правда;
– Министерството за внатрешни работи;
– Државното правобранителство на Република Северна Македонија;
– Министерството за европски прашања;
– Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија;
– Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош и
– Државниот завод за ревизија.
АФКОС мрежата ги врши следните работи:
– учествува во изготвување, спроведување, следење и известување за имплементацијата на Националната стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија и Акцискиот план за имплементација на Стратегијата;
– разменува податоци и дава стручна поддршка на структурите и органите во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија, АФКОС одделението и ОЛАФ;
– дава предлози и препораки за подобрување на законската рамка од областа за заштита на финансиските интереси на Европската Унија;
– дава предлози и учествува во спроведувањето на ефективни и пропорционални мерки против измама, согласно резултатите од проценка на ризикот од измама;
– разгледува случаи за неправилности, по барање на структурите и органите во системот за управување и контрола со средствата од Европската Унија и/или АФКОС одделението и по потреба обезбедува стручно мислење и поддршка за справување со случаите за неправилности;
– дава предлози за обуки и учествува во реализација на програми за обуки во согласност со потребите на институциите вклучени во системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија;
– обезбедува потребни информации за подготовка на Годишниот извештај за работа на Системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија, кој се доставува до Владата на Република Северна Македонија и
– разгледува, дава предлози, мислења и стручни образложенија во врска со други прашања за спречување на неправилности и измами за заштита на финансиските интереси на Европската Унија.