Меѓународните финансиски односи се засноваат на соработката со меѓународните и билатералните финансиски институции која опфаќа комуникација и координација со овие институции во врска со активностите потребни за подготовка и реализација на проектите финансирани со странски заеми и донации, подготовка и организација на сите фази од постапката на склучување на договорите за заем и договорите за гаранција, како и следење на степенот на реализацијата на овие проекти и предлагање на активности и мерки за надминување на проблемите кои се јавуваат при подготовката и имплементацијата на истите.
Соработката со ЕУ опфаќа:
– децентрализирано управување со фондовите од Европската Унија;
– Следење на статусот на реализација на мерките и активностите од Националната програма за усогласување со правото на ЕУ (НПАА) за чија што реализација е надлежно Министерството за финансии и координација на активностите поврзани со подготовката на документите кои произлегуваат од процесот на пристапување кон ЕУ и други активности поврзани со интегрирање на земјата во ЕУ.