Мисијата на Министерството за финансии е преку успешно управување со јавните финансии да се постигне повисок економски раст и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Република Северна Македонија.
Визија
Визијата на Министерството за финансии е со реализација на прогресивни идеи од својот домен да придонесе за зајакнување на функционалната пазарна економија која се темели на знаење, иновации и одржлив развој.