План и програма за обука од областа на системот за јавна внатрешна финансиска контрола 2021-2022 година – Наведените години и месеци за реализација се индикативни и тие се предмет на промена од земјата- корисник според напредокот на Твининг проектот и промените поврзани со состојбата со пандемијата како и други фактори. Поради ковид пандемијата и продолжување на времетрањето на твининиг проектот, неспроведените обуки во периодот 2021-2022, ќе се реализираат во 2023 година

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНАТА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА

На 29 април 2015 година во Скопје, Хотел Арка беше одржана Конференција за јавната внатрешна финансиска контрола, организирана во соработка со Европската Комисија. Цел на оваа конференција беше презентирање на Стратегијата за јавна внатрешна финансиска контрола за 2015-2017 и размена на најдобрите практики со експерти за јавна внатрешна финансиска контрола на земјите членки на ЕУ. На конференцијата учествуваа 100 претставници од институциите на централно ниво.

Дневен ред на Конференцијата

Стратегија за развој на јавната внатрешна финансиска контрола во Република Македонија за 2015-2017 – г. Трајко Спасовски, раководител на Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола во Министерството за финансиии

Ревизија на успешност на Системот на јавна внатрешна финансиска контрола – г-ѓа Цвета Ристовска, помошник на  Главениот  дршавен ревизор

Јавна внатрешна контрола – г. Robert Gieliesse, CIA CGAP, Главен советник во единицата за јавна внатрешна контрола/јавна внатрешна финансиска контрола  во ГД Буџет – ПА.02 на Европската комисија 

ЈВФК – Хрватското искусто, тешкотии и научени лекции – г-ѓа Даниела Степич, поранешен раководител на Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола во Министерството за финансии на Република Хрватска

Изјава за фискална одговорност како алатка за ефикасно и ефективно финансиско управување и контрола – г-ѓа Ивана Јакир Бајо, раководител на Секторот за финансиски прашања во Министерството за финансии на Република Хрватска

Раководна одговорност – Алатка за ефикасно трошење на јавните средства – г-ѓа  Тања Левајковиќ, помошник министер, раководител на Секторот за финансиски прашања Министерството за внатрешни работи 

Внатрешниот ревизор клучен соработник на раководството – г-ѓа Зорица Најдовска, заменик раководител на  Секторот за внатрешна ревизија во Управата за јавни приходи

 

СПРОВЕДЕНИ ОБУКИ ВО МАРТ 2015 ГОДИНА

СПРОВЕДЕНИ ОБУКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ ВО 2015 ГОДИНА

Министерството за финансии – Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола во март 2015 година  изготви и објави на веб страната Насоки за управување со ризиците која претставува напредна методологија за управување со ризици во која детално се обработени чекорите и обрасците во процесот на управувањето со ризиците.

Со цел олеснување на практичната примена на оваа методологија на 19 и 25 март и 1 и 8 април 2015 година одржани се еднодневни обуки на кои присуствуваа 95 раководители на единици за финансиски прашања, координатори за управување со ризици и раководители на единици за внатрешна ревизија од централно ниво.Во рамки на обуката спроведена е практична вежба за утврдување и проценка на ризиците, мапирањето на ризиците и изготвувањето на акциски план за отстранување на слабостите.

На 21 мај 2015 година беше одржана обука на тема „Зајакнување на внатрешната финансиска контрола во центрите за социјална работа во Република Македонија“.Цел на обуката беше презентирање на системот на внатрешни финансиски контроли во центрите за социјална работа во Република Македонија и мерки за негово подобрување. На обуката земаа учество 59 директори, раководители на единици за финансии, сметководители и социјални работници.

На 4 и 25 јуни 2015 година беа одржани еднодневни обуки на кои присуствуваа 54 раководители на единици за финансиски прашања, координатори за управување со ризици и раководители на единици за внатрешна ревизија од Градот Скопје и следните 22 општини: Центар, Студеничани, Аеродром, Бутел, Горче Петров, Кисела Вода, Карпош, Чучер Сандево, Арачиново, Гази Баба, Чаир, Пробиштип, Кратово, Велес, Кривогаштани, Градско, Делчево, Виница, Гостивар, Зелениково, Кочани, Крива Паланка. Во рамки на обуката спроведена е практична вежба за утврдување, проценка и мапирање на ризиците.

СПРОВЕДЕНИ ОБУКИ ЗА ВНАТРЕШНИ РЕВИЗОРИ

ПРОЕКТ ЗА ОБУКА И МЕЃУНАРОДНА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ВНАТРЕШНИТЕ РЕВИЗОРИ

На 21 октомври 2014 година беше одржана Конференцијата по повод официјалното затворање на првиот циклус и отворањето на новиот циклус на Проектот „Обука на внатрешни ревизори во јавниот сектор“ во Република Македонија, финансиран од владите на Соединетите Американски Држави и Република Словенија, а Министерството за финансии го реализираше во соработка со Центарот за развој на финансиите од Словенија и Овластениот Институт за јавни финансии и сметководство со седиште во Лондон.

Во рамки на првиот циклус беа опфатени 65 ревизори од кои 45 успешно ја завршија обуката и го положија испитот со што се стекнаа со CIPFA уверение за меѓународно сертифицирани внатрешни ревизори. Во рамки на вториот циклус се вклучени 35 ревизори.

ОБУКА ЗА „ПРОЦЕНКА НА РИЗИЦИТЕ ВО ПЛАНИРАЊЕТО НА РЕВИЗИЈАТА“

Министерството за финансии – Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола заради олеснување на процесот на проценка на ризиците при планирање на работата на ревизијата, изготви и објави на веб страната “Насоки за проценка на ризиците во планирањето на ревизијата”.

Со цел олеснување на практичната примена на оваа методологија на 28 јануари и 3, 11 и 19 февруари 2015 година беа одржани еднодневни обуки на кои присуствуваа 96 (67 од централно и 29 од локално ниво) раководители на единици за внатрешна ревизија и внатрешни ревизори од централно и локално ниво.

Во рамки на обуката беше спроведена практична вежба за подготовка на Ревизорски универзум со утврдување на: клучни процеси и нивни цели и ризици, оценување на влијанието и веројатноста на ризидуалниот ризик и утврдување на индекс на ризик и врз основа на тоа изготвување на листа на процеси кои треба да бидат ревидирани согласно годишниот план за ревизија.

  •  На 29 октомври 2015 година беше одржана еднодневна обука на тема „Управување со ризици“. Цел на обуката беше презентирање на системот на управување со ризиците. На обуката земаа учество раководители на сектори и координаторите за управување со ризици во Министерството за финансии.

Вакви обуки беа одржани и во следните институции:

  •  На 12 ноември 2015 година во Управата за јавни приходи
  •  На 10 декември 2015 година во Министерството за здравство
  • На 15 декември 2015 година во Секретаријатот за европски прашања
  • На 23 декември 2015 година во Државната комисија за спречување на корупцијата

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.