Секторот Академија за јавни финансии ги врши работите што се однесуваат на: обезбедување континуирана едукација на јавната администрација од областа на управувањето со јавните финансии. Главната  цел на Секторот е организирање и спроведување обуки, испити и програми за издавање уверенија/лиценци за овластени службеници и професии во јавните финансии, согласно законските рамки и потребите на јавниот сектор  и воспоставување на меѓу институционална соработка со цел обезбедување на размена на искуства. За извршување на работите и задачите од делокругот на Секторот Академија за јавни финансии се организирани следните одделенија:

Oдделенија:

  1. Одделение за подготовка на програма за работа, програми за обуки и соработка со домашни и странски институции

Одделението се фокусира на развивање на програми и обезбедување соработка со релевантни институции. Главните активности на Одделението се:

  • Подготовка на нацрт годишна програма за работа и програми за обуки.
  • Развивање на обуки и предлози за унапредување на обуките во јавните финансии.
  • Изготвување годишен извештај за спроведените обуки.
  • Соработка со високообразовни, научно-истражувачки институции и меѓународни организации.
  • Следење и известување за сите реализирани програми.
  • Подготовка на предлози за акти од значење за работата на Академијата.
  1. Одделение за организација и спроведување на обуки и анализа на квалитетот на работењето

Ова одделение е одговорно за логистичка поддршка и реализација на обуките, како и анализа на квалитетот на спроведените програми. Главните задачи вклучуваат:

  • Организирање конференции, работилници, семинари и студиски посети.
  • Подготовка на буџет за обуките.
  • Воспоставување контакти со предавачи и истражување на целните групи.
  • Издавање сертификати/лиценци за успешно завршени обуки.
  • Спроведување анализи за квалитетот на обуките.
  • Организирање испити за програмите за уверенија/лиценци.
  • Подготвување на обуки и материјали за обука.
  • Мерење на ефикасноста на обуките и обезбедување логистичка поддршка на предавачите.
  1. Одделение за поддршка

Одделението за поддршка ги извршува административните и техничките задачи потребни за непречено функционирање на Академијата. Главните задачи се:

  • Развој и одржување на информацискиот систем и менаџирање на ИТ обуки.
  • Анализа на користење на ИТ опремата и предлагање мерки за рационализација.
  • Подготвување стратегии и протоколи за заштита на податоци и системи.
  • Обезбедување постојана техничка поддршка за вработените во секторот.
  • Изготвување статистички прегледи преку евалуација на прашалници.
  • Одржување на регистар на предавачи и ментори во Академијата.
  • Воспоставување и одржување на компјутерската мрежа на Академијата.

Контакт информации:

Државен советник: 

Амина Шкријељ

Тел. 02-3255-677

amina.sh@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор:
Александра Лулкоска

Тел. 02-3255-760

aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор:
Милица Неделковска Адамческа

Тел. 02-3255-418

milica.nedelkovska@finance.gov.mk

Одделение за подготовка на програма за работа, програми за обуки и соработка со домашни и странски институции

Славица Димоска Давковска, Советник

Тел: 02-3255-312

slavica.davkovska@finance.gov.mk

Одделение за организација и спроведување на обуки и анализа на квалитетот на работењето

Мирајет Сали, Раководител на одделение

Тел: 02-3255-701

mirajet.sali@finance.gov.mk

Одделение за поддршка

Јетон Даути

Тел: 02-3255-742

jeton.dauti@finance.gov.mk

Адреса: Даме Груев  бр.12, 1000 Скопје
Е-пошта: pfa@finance.gov.mk

 

 

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.