Министерството за финансии ги врши работите што се однесуваат на:

  • изготвувањето и извршувањето на Буџетот на Република Македонија и на завршната сметка на Буџетот на Република Македонија;
  • трезорскиот систем;
  • управување со јавен долг;
  • макроекономската политика и политиката за развој на националната економија;
  • подготвувањето и следењето на макроекономските биланси;
  • даночниот систем и даночната политика;
  • царинскиот систем;
  • системот на банките и штедилниците и други финансиски институции;
  • системот на девизното работење;
  • системот на сметководството, ревизијата и платниот промет;
  • меѓународни финансиски односи и соработка со ЕУ;
  • јавна внатрешна финансиска контрола;
  • фискална децентрализација;
  • игрите на среќа;
  • сопственоста и други имотно-правни односи;
  • стоковните резерви;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.