Планирање на внатрешната ревизија
За секоја поединечна ревизија ревизорскиот тим/внатрешниот ревизор изготвува план за ревизија.
Издавање на писмо за овластување
– На внатрешниот ревизор за секоја ревизија му се издава писмо за овластување потпишано од раководителот на единицата за внатрешна ревизија;
– Писмото за овластување на раководителот на единицата за внатрешна ревизија го потпишува раководителот на субјектот;
– Писмото за овластување на надворешни експерти за спроведување на внатрешната ревизија ангажирани од раководителот на субјектот го потпишува раководителот на единицата за внатрешна ревизија.
Прелиминарно истражување
– испраќање писмо до организационите единици кои се опфатени со системите
и процесите кои се предмет на ревизија со кое ги бара потребните информации за
подготвување на ревизијата;
-организирање и одржување на првичен состанок со раководителите на ревидираните организациони единици ;
– на првичниот состанок се дава копија од Повелбата за внатрешна ревизија на сите лица присутни на состанокот.
Изготвување на ревизорска програма за секоја поединечна ревизија
– Раководителот на единицата за внатрешна ревизија или внатрешниот ревизор назначен од него, изготвува програма за секоја ревизија и ги назначува внатрешните ревизори за соодветната ревизија;
Работа на терен
-Теренската работа опфаќа објективно собирање на докази кои ја потврдуваат стручната проценка на системите и процесите кои се предмет на ревизија и извршување на ревизорската програма за да се постигне целта на ревизијата,
– ревизорскиот тим/внатрешните ревизори при работењето на терен ги применуваат следните ревизорски методи кои, се во согласност со меѓународните стандарди и признаените најдобри професионални практики: надгледување, потврдување,верификување,истражување,анализа и евалуација.
Изготвување на извештај за внатрешна ревизија
– Изготвувањето на ревизорскиот извештај опфаќа три фази:
привремен извештај – претставува прва верзија на извештајот за внатрешна ревизија кој се презентира пред ревидираниот субјект на заклучниот состанок, со цел да се постигне согласност за наодите и да се прифатат препораките од ревизијата;
претходен извештај – претставува прва официјална верзија на извештајот за внатрешната ревизија, вклучувајќи ги резултатите од заклучниот состанок, како и комплетираното извршно резиме и
конечен извештај – претставува конечна верзија на извршното резиме, нацрт извештајот изменет во согласност со прифатливите коментари на ревидираниот субјект, одговорот од ревидираниот субјект и конечниот распоред за спроведување на препораките кој се испраќа до раководителот на субјектот и до раководителите на ревидираните организациони единици.