Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе учествува на „Форумот за развој на регионалните политики и стратегии за остварување на раст по економската криза“’, кој се одржува во организација на Центарот за развој на финансиите (ЦЕФ) во Љубљана, Словенија.

&nbsp

Форумот ќе биде фокусиран на стратегиите за зајакнување на економскиот раст на земјите од Југоисточна Европа, како и завршување на процесот на транзиција со цел да се надмине влијанието на економската и финансиската криза.

&nbsp

На Форумот ќе земат учество истакнати претставници од областа на финансиите, како претседателот на ЕБРД Томас Мироу, потпретседателот на Светска банка Филип Луру, како и потпретседателот на ЕИБ Антон Роп.

&nbsp

Во однос на идната соработка на Македонија со ЦЕФ, како што се вели во соопштението од Министерството за финансии, Центарот во 2011 ќе организира повеќе обуки за унапредување на работата на државната администрација. Меѓу нив, побитно е да се спомене Проектот за зајакнување на капацитетите во сметководството со кој Центарот ќе даде значаен придонес во воспоставување на самостоен тренинг центар за сметководители во јавниот сектор, како и институционализирање на професијата сертифициран сметководител во Македонија.

&nbsp

Вицепремиерот Ставрески, покрај на Форумот, ќе земе учество и на Годишното собрание на Надзорниот одбор, на кој треба да се усвои годишниот извештај за работа, како и да се утврди Планот за работа за 2012-2013 година.

Comments are closed.