Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на покана на српскиот вицепремиер и министер за економија Млаѓан Динкиќ ќе учествува на конференцијата на „Euromoney“, која денеска и утре се одржува во Белград.

&nbsp

На конференцијата присуствуваат министри за финансии, инвеститори, како и економски експерти од 30 земји во светот. Вицепремиерот Ставрески ќе учествува на министерскиот панел, а потоа ќе се обрати и на посебен дел од конференцијата посветен на Република Македонија.

&nbsp

Оваа година фокусот на конференцијата е на економската криза во регионот и еврозоната, случувањата во банкарскиот сектор, менаџментот со фирмите за време на криза и можностите за инвестирање, соопшти Министерството за финансии.

&nbsp

Конференцииите организирани од „Euromoney“ имаат цел поставување трендови во бизнисот и финансиите и собирање врвни професионалци од различни профили во креирањето економски политики и движења.

&nbsp

Kонференција во Белград ќе ја отвори премиерот на Србија Мирко Цветковиќ.

Comments are closed.